Нова кривична пријава за Стевчо Јакимовски за преселените општински бараки

Нова кривична пријава за Стевчо Јакимовски за преселените општински бараки

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднело кривична пријава против Стевчо Јакимовски, поранешен градоначалник на Општина Карпош и уште две лица од градежни фирми, товарејќи ги за бесправно градење.

Пријавите се поднесени поради демонтажа на две од старите општински бараки и нивно повторно поставување во дворот на основното училиште „Лазо Трповски“ во 2012 и 2013 година.

Според пријавата, Стевчо Јакимовски како тогашен градоначалник и инвеститор на работите во име на Општина Карпош ги поставил бараките спротивно на Законот за градење и без одобрение за градење и соодветна архитектонско-урбанистичка документација. Отпосле поднел барање за легализација кое го потпишал, но бараките не потпаѓале под законот за постапување со бесправно изградени објекти, оти биле изградени по неговото стапување на сила.

Второпријавениот Ј.К., инженер од „Карапанчевски Компани“ до Скопје, кој бил ангажиран од Општина Карпош, а за надзорот над демонтажата и повторната изградба на бараките потпишал градежен дневник, градежна книга и времена ситуација, иако не било издадено одобрение за градење.

Третопријавениот А.М., како одговорно лице во фирмата Алкопроект од Тетово, која ги изведувала демонтажата и повторната монтажа, дозволил да се изведуваат работите без одобрение за градење, соопшти Финансиска полиција.

Таа на 8 август поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување за Јакимовски поради три спроведени јавни набавки во текот на мандатот како градоначалник на Општина Карпош.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

време облачно студено

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Атмосферските модели и проценки упатуваат на потопло лето. Во јули и во август може да …