Нова лага на Мицкоски – зема нови кредити за да ги врати старите долгови

Нова лага на Мицкоски – зема нови кредити за да ги врати старите долгови

Соопштение за јавност на СДСМ

Мицкоски денеска повторно ја повторува истата приказна: „Сите задолжувања се за проекти, за враќање стари долгови, еврообврзници.“

Додека зборува за раст на БДП од 3,5 до 4 проценти, реалноста е сосем поинаква.

По унгарскиот кредит во октомври 2024 година, јавниот долг се зголеми на 61,4 % од БДП.

Со новото задолжување од 4 милијарди евра, 2026 година ќе заврши со 12 милијарди евра долг – над 65 % дури и од БДП.

Во официјалните податоци за јавниот долг ги кријат над 350 милиони евра кредити кон ЈПДП кои се гарантирани од Владата.

Во последниот ребаланс воопшто не стои новото задолжување од 1,3 милијарди евра.

Министерката Кочовска треба да знае дека со тоа се крши Законот за буџет а за тоа следува затвор!

Ова не е одговорна политика. Ова е шема: се земаат нови кредити за да се платат старите, додека парите од буџетот одат во партиски тендери, а граѓаните остануваат без резултати.

Раст без одржливи финансии е само бројка на хартија.

Долгот расте, каматите се 350 милиони евра годишно, а приказните за „проекти и враќање стари долгови“ се само покритие.

СДСМ бара целосна транспарентност на сите задолжувања, вклучувајќи ги и гаранциите кон ЈПДП, и итно усогласување со Законот за буџет.

Доволно беа лаги. Доволно задолжување на грбот на генерациите.

Граѓаните сакаат да знаат каде одат нивните пари, колку се задолжува државата и зошто цената на долговите станува сè поголема.

Вистината може да се одложува, но не може да се сокрие. Мицкоски може да ја менува статистиката и да бара оправдувања, но реалноста ја чувствува секое македонско семејство.

Прочитајте повеќе

Хутите повторно ja нападнаа Саудиска Арабија, додека преговорите за Ормускиот теснец се во застој

Хутите повторно ja нападнаа Саудиска Арабија, додека преговорите за Ормускиот теснец се во застој

Јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, започнаа нов бран напади врз Саудиска Арабија и …