Новa премиум концепт продавница “Motocentar Gallery” во East Gate Mall

Наjголемата продажно-сервисна мрежа на Мотоцентар продолжува да расте со отворање на новиот, 9-ти по ред продажно сервисен салон во Македонија, под името – “Motocentar Gallery”. Станува збор за концепт продавница, која на посетителите ќе им овозможи ново премиум корисничко искуство на површина од 400 м2, која ќе биде отворена во новиот трговски центар East Gate Mall, и тоа на две нивоа, односно на ниво -1 со продажен салон и на ниво -2 со сервисен простор со 2 столбни дигалки.

 

 

Концепт продавницата “Motocentar Gallery” комплетно ќе биде фокусирана на квалитет, носење на новините од светот на пневматиците во нашата земја и обезбедување на уникатно корисничко искуство за посетителите, па така покрај основните услуги, во овој салон, ќе биде презентиран и премиум асортиманот на  врвните брендови за пневматици како Michelin, Continental, Nokian Tyres, како и фелни од познатиот италијански производител GMP.  

Посветени на тоа секогаш да им го понуди најдоброто шопинг искуство на лојалните потрошувачи, концептот на новата продавница претставува еден нов дизајн што ги истакнува производите кои што ќе бидат презентирани на уникатни екрани за подобра презентација на нивните карактеристики.

 

 

Мотоцентар својот фокус покрај кон квалитетот, секогаш го насочува и кон воведување на новини на пазарот, па така покрај основните услуги за пневматици и фелни кои можат да се погледнат овде, ќе бидат понудени и други посебни услуги за истите.

Како дел од бројните новитети  во “Motocentar Gallery” кои ќе го прошират потфолиото на услуги, за прв пат во Македонија е донесна машина за дијагностика на пневматиците, која има за цел да ги проверува сите нивни аномалии и да даде информации за искористеноста (изабеноста) на истите, со прецизност од највисок степен. Дополнителна новина е што ќе има и машини за внатрешно чистење на фелните.

 

 

Во Мотоцентар најважни ни се задоволните клиенти, па доколку и вие сакате да станете дел од нив и сакате да почуствувате ново и поразлично корисничко искуство, посетете нè во премиум концепт продавницата “Motocentar Gallery”, во којa започнуваме со ново поглавје во новоотворениот трговски центар East Gate Mall.

Прочитајте повеќе

Skoda Superb

Претставена новата Škoda Superb: Повеќе простор и удобност, шест ефикасни погонски единици и иновативни безбедносни системи (ВИДЕО)

Четвртата генерација на Škoda Superb се надоврзува на јаките страни на својот претходник, нудејќи уште …