Новата сензација во Зоолошката во Скопје: Бебето мармозетче порасна доволно за да се слика и да прави фризури

Новата сензација во Зоолошката во Скопје: Бебето мармозетче порасна доволно за да се слика и да прави фризури

Кога се роди на 26 септември, џуџестото мармозетче беше минијатурно како нокт. Тогаш вработените во Зоолошката градина Скопје рекоа дека е толку мало што дури не се гледа на камера. Сега порасна доволно за цврсто да се држи за неговите родители, да им прави фризури и да позира пред објективот на Мета.мк.

„Во Скопје Зоо има два пара мармозети, од кои мажјаците се овде повеќе години, а женките пристигнаа минатата година. Ова е прво бебе џуџест мармозет кое се родило во Скопје“, изјави за Мета.мк портпаролката на Зоо Скопје, Тина Мицковска. Таа ни откри дека полот сè уште не се знае, затоа што е многу мало, па за сега вработените нагалено го викаат Палче или Мува.

Инаку овој вид мајмуни е познат како најмал примат од Новиот свет. Телото на мармозетот тежи околу 100 и е просечно околу 13 сантиметри, односно како што вели Мицковска големо е колку една детска дланка.

Тие потекнуваат од Боливија, Бразил, Колумбија, Еквадор и Перу и обично живеат во групи од 2 до 6 мармозети. Се хранат со нектар од пловоди, брашнести црви и други инсекти.

Во мај срцата на посетителите на скопската зоолошка ги стопи и алпаката Дина, која исто така е прво бебе алпака родено тука.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …