Нови 137 случаи на ковид-19, почина едно лице, а оздравеа 58 пациенти

Нови 137 случаи на ковид-19, почина едно лице, а оздравеа 58 пациенти

Во последните 24 часа се направени 1.414 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-19, Штип-8, Тетово-4, Струга-2, Велес-6, Битола-7, Гостивар-10, Гевгелија-2, Струмица-1, Крива Паланка-2, Пробиштип-2, Македонски Брод-3, Берово-2, Делчево-5, Свети Николе-6, Кичево-3, Неготино-2, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму посочуваат дека во болнички услови почина 63 годишен пациент од Дебар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 58 оздравени пациенти од: Скопје-22, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-11, Битола-2, Охрид-9, Гостивар-5, Демир Хисар-3, Виница-1.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. Нема пациенти на механичка вентилација, а на кислородна поддршка се 31 пациент.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни, една мајка и три деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 68 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.595,  а бројката на оздравени пациенти е 10.110. Починаа  564 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.921.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за …