вакцини вакцина

Нови 329 случаи на ковид-19, оздравени 200, а починати 13 лица

Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.045 тестирања, а регистрирани се 329 нови случаи на ковид-19: Скопје – 178, Велес – 27, Куманово – 20, Прилеп – 16, Штип – 13, Струмица – 10, Охрид – 9, Tетово, Пробиштип и Кочани – по 8, Битола – 7, Кочани и Гевгелија – по 5, Свети Николе – 3, Струга, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Кавадарци, Виница, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 200 оздравени пациенти од: Скопје – 103, Куманово – 15, Битола – 12, Штип – 11, Велес и Прилеп – по 9, Крива Паланка – 7, Кичево – 6, Кочани и Свети Николе – по 5, Кавадарци – 4, Берово – 3, Радовиш, Кратово и Богданци – по 2, Пробиштип, Гевгелија, Ресен, Гостивар и Крушево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 6 починати лица од Скопје (91г, 88г, 79г, 78г,69г и 68г), 3 починати лица од Велес (86г, 72г и 57г) ипо едно починато лице од Прилеп (57г), Тетово (64г),Крива Паланка (78г) и Куманово (74г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 02.10.2021 година. Регистрирани се двајца починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово,Гостивар и Демир Хисар, на возраст од 49 до 86години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.091, бројката на оздравени пациенти е 183.227, на починати е 6.940, а бројот на активни случаи изнесува 6.924.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Власта брза да го смени Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Власта брза да го смени Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Според сегашната директорка на Агенцијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен …