Нови блокади против проектот Рио Тинто во Србија

Здружението на еколошки организации на Србија денеска организираше нови блокади низ земјата во знак на протест против ископот на литиум и проектот „Јадар“ на компанијата Рио Тинто. Како што јави дописникот на МИА, во Белград во близина на Сава центарот и во Нови Сад во близина на автопатот Белград- Суботиќ имало помали инциденти, односно некои возачи чии возила беа запрени поради блокадата се обиделе вербално, а некои и физички да се пресметаат со демонстрантите.

Организаторите на блокадата за следната недела најавија радикализација на протестите.Премиерката Ана Брнабиќ претходно денеска изјави дека Владата на Србија е блиску до одлуката да поништи се што се случува со Рио Тинто и да ги поништи сите дозволи дадени на таа компанија.

Во текот на ноември и декември во Србија беа организирани масовни блокади поради незадоволство од проектот на Рио Тинто, како и од контроверзните закони за експропријација на земјиште и референдум, по што законот за експропријација беше повлечен.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Совет на Европа: За да нема конфликти, земјите од екс-Југославија да се справат со ужасите од минатото

Минатата недела, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Владимир Путин планира да поттикне обновен конфликт …