Нови пониски цени за бензинот и нафтата

Нови пониски цени за бензинот и нафтата

Од полноќ се намалуваат цените на бензините за половина денар, а цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за денар, односно денар и половина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Со тоа, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 48,00 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 50,00 ден/лит.

Новата цена на дизелот ќе изнесува 45 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство 33,50 ден/литар.

Цената на мазутот М-1 НС исто така е намалена за 0,921 ден/кг, што значи дека таа сега изнесува 17,970 ден/кг.

Прочитајте повеќе

Артан Груби ќе се брани од слобода откако избега, па се врати

Артан Груби ќе се брани од слобода откако избега, па се врати

Куќниот притвор на Артан Груби, екс-прв вицепремиер и второобвинет во предметот поврзан со Државна лотарија, …