Нови судски рочишта за „Тотал“ и „Транспортер“

Нови судски рочишта за „Тотал“ и „Транспортер“

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат нови судски рочишта за случаите „Тотал“ и „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во „Тотал“ обвинет е новинарот Драган Павловиќ-Латас за затајување на данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал маркетинг”, „Тотал медија центар” и „Медијамакс” и 63.032 евра како физичко лице.

Набавката на опремата за себе ја евидентирал како опрема за фирмите, иако во фирмите немало вработени лица, односно во една фирма имало само еден вработен.

По неколку одложувања поради здравствени и семејни причини на Драган Павловиќ-Латас, судењето за случајот почна на 14 мај годинава.

На обвинителна клупа денеска, исто така, треба да седнат и обвинетите во предметот на СЈО „Транспортер“.

Поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица во овој случај се товарат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …