Нови цени на горивата: бензините поевтини за 4, дизелот за 3.5 денари

Нови цени на горивата: бензините поевтини за 4, дизелот за 3.5 денари

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за 4 денари, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 3,5 денари.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 63 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 65 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 61 денар, а екстра лесното масло за домаќинство 49,5 денари. За 3,307 денари по килограм се намалува малопродажната цена на мазутот М-1 НС, со што килограм од тој енергенс ќе се продава по 31,826 денари.

Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 6,53 проценти.

Регулаторната комисија ја донесе одлуката врз основа на движењето на просечната цена на суровата нафта на светските пазари и курсот на денарот во однос на доларот.

 

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …