Нови успеси на македонскиот репрезентативец во пинг понг за лица со инвалидност, Рубин Ристески

Македонскиот репрезентативец во пинг-понг за лица со инвалидност,
прилепчанецот Рубин Ристески освои 6 медали, по 3 во поединечна и во екипна
конкуренција на трите меѓународни турнири што се одржаа од 18 мај до 10 јуни.

Бранејќи ги боите на репрезентацијата на Македонија, од турнирот во Варна,
Бугарија, Ристески се врати со освоено прво место во екипна и второ во
поединечна конкуренција. Истите места Ристески ги освои и на турнирот во
главниот град на Црна Гора, Подгорица, додека на меѓународниот турнир во
Струга, во поединечна конкуренција го освои второто, а во екипна, третото место.

Успесите на Ристески станаа вообичаена пракса и никого повеќе не изненадуваат,
бидејќи подолг период, од секое домашно или меѓународно првенство, тој се
враќа со медали. Ристески веќе 17 години е член на репрезентацијата на
Македонија во пинг-понг за лица со инвалидност, а 15 пати бил државен првак.

Прочитајте повеќе

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во …