Новинари од Северна Македонија и Грција договорија заедничка борба против дезинформациите

Проблемите со дезинформациите и мерките за борба против нив беше темата на работилница што завчера и вчера се одржа во Солун, со учество на 35 новинари од Северна Македонија и Грција.

Семинарот го организираа амбасадите на САД во Северна Македонија и Грција, Центарот за глобално поврзување на Стејт департментот, Американската агенција за глобални медиуми и Центарот за европски перспективи, заедно со МИА и грчката државна новинска агенција АМНА.

Работилницата „Оспособување на новинарите за справување со дезинформациите во Грција и Северна Македонија“, на која учествуваа и новинари од приватни медиуми, експерти и претставници на граѓанското општество, меѓу кои и претставник на „Метаморфозис“, разговараа и за заеднички напори за справување со дезинформациите.

На работилницата беше договорено формирање центар за дигитални комуникации во Солун, чија цел е борбата против дезинформациите.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки

„Оваа Влада покажа како се зголемуваат пензиите на системски начин. Донесовме решение за зголемување на …