Новиот извршен директор на Светска Банка, Дејвидсе во дводневна посета на земјава

Новиот извршен директор на Светска Банка, Дејвидсе во дводневна посета на земјава

Денеска и утре во официјална посета на нашата држава е новиот извршен директор на Светска банка, Кун Дејвидсе. Министерот за финансии Драган Тевдовски ќе биде негов домаќин, а планирани се повеќе средби на високо ниво.

„Во рамки на својата посета Дејвидсе ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и министри од Владата. Теми на средбите ќе бидат соработката помеѓу Република Северна Македонија и Светска банка, особено за новата Стратегија за соработка 2019-2023 година (Country Partnership Framework 2019-2023).Кун Дејвидсе од ноември 2018 доаѓа на функцијата, која претходно ја извршуваше Френк Хемскирк“, информираат од Светска банка.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

пошта

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Поштата е на работ на егзистенција, изјави денеска на прес-конференција пред Владата синдикалниот лидер Боро …