Sébastien Lecornu Себастијан Лекорну

Новиот премиер на Франција си поднесе оставка после 26 дена на функцијата

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, ја прифати оставката на премиерот Лекорну, а оваа ситуација ја вовлекува земјата уште подлабоко во политичка блокада

Премиерот на Франција Себастијан Лекорну си поднесе оставка по помалку од еден месец на функцијата, поради широка критика за новиот кабинет, пренесува „Гардијан“.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, ја прифати оставката на премиерот Лекорну, а оваа ситуација ја вовлекува земјата уште подлабоко во политичка блокада.

Речиси непроменетиот состав на Владата, кој Макрон го објави доцна во неделата, беше остро критикуван од целиот политички спектар. Новата влада беше претставена речиси еден месец по назначувањето на Лекорну, кој се обидуваше да обезбеди поддршка од различни партии во длабоко поделениот парламент.

Лекорну беше седмиот премиер на Макрон. Тој беше назначен на 9 септември, за време на политичка криза, кога неговиот претходник, Франсоа Бајру беше сменет поради предложени буџетски кратења.

Елисејската палата ја објави веста за оставката на Лекорну, кој имал едночасовна средба со претседателот Макрон.

Овој неочекуван потег доаѓа само 26 дена по назначувањето на Лекорну за премиер. Партиите во Националното собрание остро го критикуваа составот на кабинетот на Лекорну, кој во голема мера остана непроменет од оној на Бајру и се заканија дека ќе гласаат против него.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Саркози

Саркози се жали дека животот во затвор е тежок, бара домашен притвор или електронска алка

Саркози е осуден на петгодишна казна за криминален заговор за добивање средства за изборна кампања …