Новиот претседател на Уставен не кажа дали е уставна заклетвата на Сиљановска-Давкова

Новиот претседател на Уставен не кажа дали е уставна заклетвата на Сиљановска-Давкова

Новиот претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, речиси една недела по неговиот избор и преземањето на функцијата од неговата колешка Добрила Кацарска денеска одржа брифинг со новинарите на кој ги презентира приоритети на кои ќе се посвети во тригодишниот мандат.

Сепак, Костадиновски, одговарајќи на новинарски прашања, не одговори конкретно дали можеби меѓу првите иницијативи на судиите би биле и актуелните прашања со истовременото извршување на функциите пратеник и претседател на Владата од страна на Талат Џафери и министерот за здравство и пратеник, Илир Демири, како и прашањето за уставноста на заклетвата на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова.

За потсетување, таа при при давањето на свечената заклетва во Собранието на 12 мај, повторувајќи по тогашниот претседател на законодавниот дом Јован Митрески, не го изговори уставното име, туку користеше само Македонија.

Покрај тоа, Сиљановска-Давкова опстојува на ставот дека со тоа што не го користи уставното име на државата, пред сè во вербалната јавна комуникација, не го прекршува Преспанскиот договор, туку во духот на слободата на изразување на мислата, слободата на самоидентификација и слободата на самоопределување претпочита да употребува македонски или Македонија.

„Кажав дека во наредниот период можете да очекувате судски активизам. Не можам сега во овој момент да кажам тој или тој, но бидете уверени без разлика дали овие или кој било друг што ќе наиде на интерес јавноста или ќе побуди сомнеж кај мене како судија или кај кој било од судиите затоа што не само јас и другите судии можат да ја користат оваа алатка, ве уверувам дека ќе имаме засилен судски активизам, и тука нема да правиме разлика дали овие предмети поважни, поневажни, затоа што ви кажав, работејќи по предмети, ние увидуваме доста аномалии“, рече Костадиновски во изјава за медиумите по брифингот.

Не можам да прејудицирам што е уставно, а што не – вели Костадиновски

На дополнително прашање на оваа тема дали можеби ќе се покрене иницијатива и околу (не)употребата на уставното во јавната комуникација од страна на претседателката на државата, Костадиновски рече дека секој е должен да го почитува Уставот. Но за конкретното прашање додаде дека својот став ќе го каже кога ова прашање ќе биде исправено пред Судот.

„Значи, нашиот Устав вели дека секој е должен да го почитува Уставот. Јас ви кажав и претходно, не можам да прејудицирам што е уставно, а што не е уставно, не кажува претседателот на Судот туку Судот со мнозинство гласови. Не можам да прејудицирам нешто што не е пред мене на маса затоа што тоа е дел од уставните правила и од најдобрите уставни обичаи. Тогаш кога ќе биде исправено прашањето, поставено на седница на Судот, нашите седници се јавни, тогаш и јавноста ќе може да го слушне мојот став. Вака кој било став, и тоа е пракса што сите судии ја применуваат и се придржуваат, не даваме ставови за прашања што не се на седница на судот за разгледување. Нашите ставови ги кажуваме јавно на седница… Можеби веќе додека ние разговараме има иницијатива, или иницијатива или судски активизам. Битно е што мојот став ќе го кажам тогаш кога прашањето ќе биде разгледувано, распоравано на седница на Судот “, изјави Костадиновски.

Извор: 360степени

Прочитајте повеќе

О’Брајан и Лајчак разговараа за ситуацијата на Западен Балкан

О’Брајан и Лајчак разговараа за ситуацијата на Западен Балкан

Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан и специјалниот пратеник …