Ново намалување на цената на горивата

Ново намалување на цената на горивата

Поради промените во курсот на доларот, од полноќ ќе има ново намалување на цената на нафтените деривати.

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денари за литар. Со тоа, малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 76 денари за литар, додека дизелот ќе се продава по 78 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,50 денари за литар.

Цената на бензинот Еуросупер БС-98 се намалува за 1 денар за литар и од ноќеска бензинот ќе се продава за 78,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,686 денари за килограм и со тоа неговата цена ќе изнесува 39,370 денари за килограм.

Прочитајте повеќе

Уставниот суд го укина „балансерот“

Уставниот суд го укина „балансерот“

Уставниот суд донесе одлука за укинување на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност …