Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ поевтинуваат горивата.
Цената на „Еуросупер-95“ и „Еуросупер-98“ се намалува за 1,50 денари и еден литар од овие горива од вечерва ќе се продава за 61,50, односно 63,50 денари.
„Еуродизелот“ се намалува за 2,50 денари, што значи дека еден литар дизел гориво ќе чини 58.50 денари.