Почитувани,

Крушево е едно од најповолните места за летање со параглајдери и змаеви. Секоја година овде се одржуваат натпревари од национален и меѓународен карактер.

Во изминатите 5 години не се направи ништо да се подобри постоечкото полетиште или пак да се работи на ново.

Ние имаме план.

Ќе оспособиме ново полетиште за параглајдинг „Црн Врв” Крушево со пристапен пат и планска подготовка, а со цел заштита на животната средина. Со тоа, Крушево ќе се вброи во 10-те најдобри дестинации во светот за практикување на овој спорт.

Овој зафат ќе придонесе и кон развој на алтернативниот туризам кој значително ќе го забрза економскиот развој на општината и ќе го подобри животниот стандард на граѓаните.

Со овој проект ќе се збогати летната туристичка понуда на градот и ќе го направи Крушево атрактивна летна дестинација.

Ние имаме план.

Број 19 за живот во Крушево за сите.