Ново санитетско возило за прилепската болница, донација од амбасадата на СР Германија

Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп денеска доби донација – амбулантно возило. Станува збор за донација обезбедена од амбасадата на СР Германија во Република Северна Македонија, со посредство на Невладината организација „Центар за граѓански иницијативи“. На денешното примопредавање на амбулантното возило присуствуваше и заменикот амбасадор на СР Германија, Ото Граф како и градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.
Градоначалникот Јованоски се заблагодари за возилото за транспорт на пациенти, со кое се зајакнуваат капацитите во болницата и се подобруваат здравствените услови и услуги, истакнувајќи дека во услови на пандемија со вирусот Ковид -19, донацјата добива на посебно значење.
„Денес Општата болница во Прилеп добива едно санитетско возило и тоа од амбасадата на Република Сојузна Германија. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам за оваа донација на санитетско возило кое што и’ е потребно на нашата болница, посебно во овие Ковид – 19 услови каде што потребата е уште поголема. Нашата стратешка соработка со Сојузна Република Германија продолжува и понатаму, стратешки однос кој верувам дека и во иднина ќе продолжи. Посебна благодарност исто така сакам да упатам до Гоце Тодороски и неговата невладина организација ЦГИ, за несебичното однесување и посветеноста за добивање на санитетското возило.Така се покажува општествена одговорност на било кој човек“, истакна градоначалникот Јованоски.
Заменик амбасадорот на германската амбасада, Ото Граф, потенцираше дека соработката со Општина Прилеп ќе продолжи, се’ со цел унапредување на здравствената заштита и услуга.
„Се радуваме што можеме да дадеме свој придонес во подобрување на условите во здравствениот систем во Прилеп . Од повеќе страни имаме слушано дека транспортот на пациентите во Северна Македонија е проблематична, слаба точка на здравствениот систем и затоа сме среќни што ја имавме таа можност и овој фонд да го поддржиме Прилеп со едно санитетско возило. Се надеваме дека овој мал придонес ќе им помогне на граѓаните во овие специфични состојби со Ковид пандемијата, но посакувам всушност да не се употреби и никој да нема потреба од него“, изјави заменик амбасадор на Амбасадата на РС Германија во РС Македонија, Ото Граф.
Директорот на Општата болница во Прилеп, д-р Драги Богојески, на примопредавањето на возилото истакна дека оваа донација ќе помогне во решавање на проблемот со транспортот на потешко болните пациенти, кои имаат потреба од транспорт за натамошно лекување во клиниките во Скопје.
„Со вакво ново санитетско возило кое ќе ни биде од голема корист во спасувањето на животите на пациентите од општина Прилеп, тие ќе бидат навремено транспортирани, квалитетно транспортирани до соодветните клиники во Скопје, со што ќе им се обезбеди квалитетна здравствена заштита“, истакна Богојески.
Новото амбулантно возило е со целосна високостандардна медицинска опрема.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …