Новогодишна честитка на градоначалникот Јованоски

Новогодишна честитка на градоначалникот Јованоски

Новогодишна честитка на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски:

Почитувани сограѓани,

Сега кога заедно ја испраќаме 2019 година, да ги земеме со себе позитивните искуства и успесите.

На прагот на Новата Година, пред нас се нови предизвици и уште многу заеднички достигнувања.

Вашата поддршка е најголем мотив во остварувањето на нашата цел – да направиме општина Прилеп да биде поубаво и посреќно место за живеење.

Да ги пречекаме новогодишните празници во мир, спокој и благосостојба.

Ви сечиј дом  нека се шири топлина, разбирање, љубов и почит.

Среќата нека биде ваш сопатник, трудољубивоста и истрајноста водилки за освојување нови хоризонти.

Драги мои сограѓани,

во име на општина Прилеп и во мое лично име, во Новата година вам и на вашите семејства Ви посакувам здравје, среќа, радост, успех и просперитет!

Среќна Нова година и Среќни Божикни празници!

Прочитајте повеќе

Сообраќаен хаос во Тетово: Печалбарите дојдоа, Касами вели градот нема полицајци за да работи пајак-службата

Сообраќаен хаос во Тетово: Печалбарите дојдоа, Касами вели градот нема полицајци за да работи пајак-службата

Слично како и претходните години, и оваа година со доаѓањето на печалбарите во последните два …