Во текот на вчерашниот ден, дел од наставниците од ООУ „Рампо Левката“ од Прилеп, посетија неколку институции од градот. Целта на посетата беше да ја пренесат пораката и позитивната енергија од своите ученици, како и да им ги врачат новогодишните честитки што ги изработија учениците од одделенска настава, исполнети со шарени бои, весели дезени, најискрени и најубави новогодишни желби и пораки.
„Ги посетивме Дневниот центар за лица со церебрална парализа, Општата болница „Борка Талески“ и Детската амбасада За сите деца во светот, каде што со самото подарување на новогодишните честитки, внесовме зрак позитивна енергија и го доловивме новогодишниот дух во овие тешки и специфични околности во кои сите ние сме затекнати. Со својата иницијатива и акција за подарување на изработените честитки, учениците им ги честитаа Новогодишните и Божикните празници на нашите херои – здравствените работници и на своите другарчиња од Дневниот центар и од други ранливи категории“, изјави Габриела Салатоска, одделенски раководител во ООУ „Рампо Левката“.