Интегрален текст од прес конференцијата на Општинската организација на НСДП Прилеп:
Почитувани производители на тутун,
Во името на Општинската организација на НСДП Прилеп, сакаме да изразиме целосна поддршка на одлуката на Владата на Република Македонија за зголемување на висината на субвенциите за тутун.
Веста дека субвенциите по килограм предаден тутун се зголемуваат и ќе изнесуваат 80 денари за прва класа, 70 за втора класа и 60 за трета и четврта класа на тутун, ги израдува многуте семејства во Општина Прилеп кои макотрпно работат и заработуваат егзистенција токму од тутунот.
Зголемувањето на субвенциите важи за реколтата 2017, што значи дека тутунарите што веќе го предадоа тутунот од минатата реколта, ќе добијат повеќе пари!
Јасно е дека домаќинските и одговорни политики спроведувани од Владата на Република Македонија предводена од премиерот Зоран Заев, резултираат со повеќе пари во џебот на граѓаните. Наместо социјални тутунопроизводители имаме развојно тутунопроизводство наместо социјални тутунари успешни тутунари.
Новиот пристап кон тутунопроизводителите е дека тоа е бизнис на долгорочен рок а не социјално преживувањее на кратки патеки. Тутунарите конечно им се вреднува заработката спрема вложениот труд.
Се враќаат парите кај граѓаните, се зголемуваат субвенциите, и се поттикнува и стимулира зголемување на производството на тутун.
Општина Прилеп ќе има посебен бенефит од зголемувањето на субвенциите, затоа што тука имаме долгогодишна традиција на тутунопроизводство и со ова уште повеќе ќе се мотивираат тутунарите да произведуваат квалитетен тутун.
Општинската организација на НСДП Прилеп ги подржува ваквите одлуки на Владата предводена од премиерот Зоран Заев, одлуки кои значат развој на земјоделието и поддршка на интересите на тутунарите.