Нуредини: Целта на новата цена на пластичните кеси е зачувување на здравјето на луѓето и околината

Нуредини: Целта на новата цена на пластичните кеси е зачувување на здравјето на луѓето и околината

Зголемувањето на цената на пластичните кеси од еден на 15 денари не е со цел за да се собираат финансиски средства, туку граѓаните да се дестимулираат да употребуваат пластика, одговори денеска министерот за животна средина Насер Нуредини на бројните реакции во јавноста откако започна да се применува одредбата од новиот закон за управување со пакување и отпад од пакување, со кој се забрани користење на пластични кеси за носење на стоки на пазарот во земјава.

„Микропластиката ѝ штети на почвата и на водите, а постои опасност да се најде и во храната и водата за пиење. Целта на мерката е да се заштити здравјето на граѓаните и животната средина, а не да се собираат пари. Производителите ќе можат да продолжат да произведуваат пластични кеси кои се биоразградливи до јуни 2023 година. Министерството и Владата предложија кесите да чинат десет денари, а пратениците во собранието побараа 20, па цената се утврди на 15 денари за една кеса“, посочи Нуредини.

На крајот на првиот квартал од 2022 година министерството ќе ја информира јавноста колку пари се собрани, а ќе бидат наменети за проекти во животната средина. Нуредини информираше дека годинава во повеќе наврати, на јавни расправи и на средби во стопанските комори и со јавните претпријатија, се образложени новините кои ги предвидува сетот на закони за отпад кои се донесоа пред неколку месеци. Тие се објавени и во Службен весник, од каде сите производители ќе можат да се информираат за новите обврски и како да ги исполнат.

„Амбалажата во која се запакувани дел од производите кои се продаваат на пазарот веќе влегува во системот на проширена одговорност на производителите и за таа амбалажа и нејзиното отстранување, производителот веќе плаќа. Со новите закони нивната одговорност е зголемена и тие ќе мора да го поддржат системот за селекција на отпадот, да се постават што поголем број на садови за селекција и граѓаните да имаат можност каде да го одложуваат отпадот и да се поттикне циркуларната економија“, рече Нуредини.

Тој потсети дека од минатата година, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, во владините институции не се користат производи во еднократна пластична амбалажа, туку се преферира да се спакувани во стакло.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …