лажни вести

Обезбедена бесплатна правна помош за проверувачите на факти кои се соочуват со притисоци

Иницијативата за правна поддршка на проверувачите на факти  (Fact-checkers Legal Support Initiative – FLSI), нуди правна и финансиска помош за проверувачите на факти кои добиваат тужби, а се недоволно финансиски моќни да си обезбедат соодветна правна заштита.

Зад иницијативата стојат Меѓународната мрежа за проверка на факти – International Fact-Checking Network (IFCN), во соработка со Иницијативата за правна помош за медиумите – The Media Legal Defence Initiative (MLDI) и Комитетот на репортерите за слобода на печатот Reporters Committee for Freedom of the Press (RCFP).

Причината за иницијативата се притисоците врз луѓето работат во полето на проверка на фактите.

„Проверувачите на факти низ целиот свет се под закана. Ние им помагаме со правна заштита, за да може да продолжат да ја вршат оваа важна работа. Иницијатива за правна поддршка на проверувачите на факти ги поврзува проверувачите со адвокати што работат „про боно“ (без да си наплатат), им помага да ги покријат правните трошоци и подготвува прирачници за правните и другите прашања со кои проверувачите на факти треба да бидат запознаени“, се вели во соопштението.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Задолжителна стерилизација, гробишта за миленици, полиција за животни – новиот предлог закон влезе во Собрание

Законот подолг период го изготвуваа здруженија за заштита на животни во соработка со пратеници, а …