Објавен Јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост Ковид 19 периодот

Објавен Јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост Ковид 19 периодот

На веб-страната на Министерството за економија е објавен Јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост Ковид 19 периодот.
На предлог на Министерството за економија Владата ја донесе Уредбата со законска сила за финансисиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост Ковид -19 периодот преку која се реализира мерката за поддршка на компаниите кои инвестирале во време на пандемијата, која е дел од Третиот сет економски мерки на Владата.
Оваа мерка предвидува финансиска поддршка од 20 милиони евра за сите деловни субјекти од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ секторот кои во текот на 2020 година ќе реализираат инвестиција.
Главната цел на оваа мерка е да се помогнат компаниите кои ќе ги изгубат пазарите за повторно освојување на пазарите- зголемување на нивната конкурентност, модернизација на процесите, зголемување на продуктивноста со што ќе се одржат деловните потфати кои ќе придонесат за опоравување на економијата на земјата, преку реализација на инвестициски проект во пост-ковид периодот од јули до декември 2020 година.
Според јавниот повик (http://www.economy.gov.mk/doc/2823) за оваа мерка може да аплицираат компании кои што:
-во текот на 2020 година имаат во реализација инвестициски проект
-работат во производствени сектори кои се дефинирани како производство,освен оние кои се исклучени од оваа можност согласно Законот за контрола на државна помош
-деловни субјекти што вршат дејност трговија, доколку инвестираат во основни средства
-вршат дејности од областа на информациско-комуникациски услуги, доколку инвестицијата опфаќа воспоставување на нова организациона единица за технолошки развој, истражување и/или развој на ново софтверско или харверско решение.
Висината на финансиската поддршка изнесува 25% од реализираната инвестиција според инвестицискиот план кој што ќе го достави апликантот но не но не повеќе од:
-40.000 евра за компании кои оствариле вкупен приход во 2019 година не повисок од 1.000.000 евра
-100.000 евра за компании кои оствариле вкупен приход во 2019 година од 1.000.001 еврадо 10.000.000 евра
-140.000 евра за компании кои оствариле вкупен приход во 2019 година од 10.000.001 евра до 50.000.000 евра
-200.000 евра за компании кои оствариле приход во 2019 година повеќе од 50.000.000 евра.
Компанијата која ќе добие финансиска поддршка има обврска 31.01.2021 година да достави Извештај за текот на реализација на инвестицискиот план со докази дека истиот се реализира во рамките на инвестицискиот план за кој е исплатена финансиската поддршка.
Доколку деловниот субјект не успее да ја заврши инвестицијата или не успее да ја докаже минимум 80% од вредноста на инвестицијата треба да ги врати средствата не подоцна од 01.03.2022 година.
Според јавниот повик, компаниите кои што ќе аплицираат ќе треба да достават:
-Инвестициски план,
-тековна состојба на деловниот субјект,
-биланс на успех за 2019 година,
-пресметка на аконтациите на данокот на добивка за месеците март, април и мај 2020 година

Прочитајте повеќе

Германија: Повеќе работа не значи секогаш и повеќе пари

Германија: Повеќе работа не значи секогаш и повеќе пари

Откако актуелната влада го подигна нивото на социјална помош, се водат дебати дали воопшто се …