Објавен јавниот повик за програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“

Под покровителство на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, а во соработка со Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија во претстојниот период ќе се реализира програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“.

Програмата предвидува 15 млади и амбициозни луѓе од Северна Македонија, преку низа на значајни обуки спроведени во неколку компании-членки на Советот на странски инвеститори, да стекнат конкурентни вештини и знаења што ќе ги одведат во нови професионални предизвици.

Целта е да се овозможи градење вештини кај идните млади менаџери и бизнис-лидери со трансфер на знаења овозможен преку соработката на Претседателот и Советот на странски инвеститори, да се откријат потенцијални таленти и да им се овозможи на компаниите кои ќе учествуваат во рамките на Проектот подобро да  разберат што ги мотивира младите и да се воспостави мрежа на идни бизнис-лидери и менаџери.

Програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“ е предвидено да се реализира во периодот од декември годинава до февруари 2021 година. Право на учество во програмата имаат студенти коишто се во последната година од нивните додипломски студии, дипломирани студенти, студенти на магистерски и докторски студии на универзитети/факултети по економија, право, човечки ресурси, менаџмент, јавна администрација, бизнис или научна област со која се занимаваат компаниите, вклучени во оваа програма. Старосната граница е до 29 години.

Повеќе информации за учество во програмата се содржани во Јавниот повик објавен на веб-страницата на Претседателот и на www.fic.mk.

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …