Објавен Конкурсот за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“ за 2021 година

Објавен Конкурсот за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“ за 2021 година

Издавачката куќа Темплум по шеснаесетти пат го распишува конкурсот „Новите!“ за најдобар прозен дебитантски ракопис на македонски јазик. Целта на наградата е да ги промовира и афирмира новите автори во македонската книжевност, новите тенденции во литературата, новите поетички начела, новиот пристап, новиот начин на организирање во сферата на литературата, новите обиди книжевноста да стане општествено повлијателна во секоја смисла.

За наградата „Новите!“ можат да конкурираат исклучиво дебитанти кои пишуваат на македонски јазик и кои претходно немаат објавено прозна книга.

Ракописите, кои се испраќаат по електронска пошта, треба да бидат напишани на кирилица во македонска кодна поддршка, со фонт 12, проред 1,5 во А4 формат. Наградата изнесува 1.000 евра (бруто) и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“. Под проза пред сè се подразбираат кусите или подолгите раскази и романи, но како проза ќе се третираат и специфичните жанровски експериментални форми.

Важно е дека ракописот не смее да биде подолг од 160 страници, т.е. 300.000 компјутерски знаци, а да не биде покус од 48 страници, т.е. околу 90.000 компјутерски знаци.

Ракописите траба да се испратат до 15-ти ноември 2021 година на следнава електронска адреса: konkurs.novite@gmail.com. Наградата ќе се додели кон крајот на месец декември 2021 година. За сите дополнителни прашања, заинтересираните лица можете да се обратат на истата адреса на која се испраќаат ракописите.

Досегашни добитници на наградата Новите! се: Алекс Букарски, Галијана Маркова (Будимка Поповска), Дозгулпмус (Климент Булоски), Ненад Јолдески, Иван Шопов, Хигсов Бозон (Кирил Минанов), Дејан Мирчески, Драган Георгиевски, Михајло Свидерски, Сања Михајловиќ Костадиновска, Ѕвездан Георгиевски, Гето Руди (Дејан Василевски), Андреј Ал-Асади, Ирена Јурчева и Игор Лозаноски.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

поточиња 2024

Поточиња викендов седум пати ја наполнија Филхармонија

Новото издание на детскиот фестивал Поточиња кое се одржа викендов во Македонска Филхармонија привлече огромен …