Објавена е програмата за посетата на Светиот Отец, Папата Франциск во Северна Македонија

Објавена е програмата за посетата на Светиот Отец, Папата Франциск во Северна Македонија

Канцеларијата за печат при Светиот Престол во Ватикан, денеска, 7 март 2019 година ја објави програмата за посетата на Папата Франциск во Северна Македонија, при што ќе го посети Скопје, родниот град на Света Мајка Тереза.

Предвидено е на 7 мај наутро Светиот Отец да пристигне во Северна Македонија.

После официјалниот пречек, неговата Светост, Папата Франциск ќе се сретне со претседателот г-дин Ѓорге Иванов, со премиерот г-дин Зоран Заев, како и со претставници на граѓанското општество и дипломатскиот кор.

За време на својот престој во земјава, Светиот Отец ќе се сретне со верските лидери и со сиромашни лица.

Во програмата за апостолското патување на Папата Франциск во Северна Македонија предвидено е Светиот Отец да служи света Литургија, а потоа да присуствува на екуменска и меѓурелигиска средба со млади.

Светиот Отец, своето 29-то апостолско патување ќе го заврши во попладневните часови на 7 мај, одржувајќи средба со свештениците, нивните семејства и богопосветените лица, а потоа ќе се врати во Рим.

Претходно Светиот Отец ќе ја посети Република Бугарија и градовите Софија и Раковски.

 

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …