Софија Бугарија

Објавени конечните резултати во Бугарија, победничката ГЕРБ речиси и нема шанси да формира влада

Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија, ги објави официјалните резултати од предвремените парламентарни избори во Бугарија што се спроведоа во неделата. Според нив најјаката парламентарна сила во 48-от парламент на Бугарија ќе биде „„Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ) партијата на поранешниот долгогодишен премиер на Бугарија, Бојко Борисов, со 67 пратеника, известува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg.

На второто место е „Продолжуваме со промената“ (ПП) на претходниот премиер Кирил Петков, која има освоено 53 пратенички места.

На третото место е „Движење за права и слободи“ (ДПС), долгогодишен коалициски партнер на ГЕРБ во неколку влади, со 36 пратенички мандати, а по неа е про-руската и националистичка партија „В’зраждане“ (Препород), со 27 пратеника.

Инаку, претседателот на „Препород“, откако вчера направи скандал обидувајќи се да избрка новинари од прес-конференцијата на неговата партија и навредуваше пратеници прогласувајќи ги за странски пратеници, заминувајќи од салата рече дека и неговата партија нема да коалицира со Борисов.

На петтото место е Бугарската социјалистичка партија (БСП) со 25 мандати, а веднаш по неа со 20 пратеника е „Демократска Бугарија“ (ДБ), коалициски партнер во политичката влада на Петков.

Последната од партиите што на изборите на 2 октомври си обезбеди места во парламентот е Б’лгарски в’зход’ (Бугарско издигање) на поранешниот технички премиер Стефан Јанев.

Со ваквиот распоред на силите во новиот бугарски парламент, речиси непостоечки се изгледите ГЕРБ да формира стабилна владина коалиција, бидејќи сите партии, освен ДПС, која беше во неколку влади, и таа на Стефан Јанев, кој рече дека е подготвен да коалицира со кого било, отфрлија можност да влезат во влада предводена од ГЕРБ. Коалицијата од ГЕРБ, ДПС и Бугарско издигање би имала само 115 пратеници, 15 помалку од потребното за стабилен парламентарен блок. Борисов би можел да се надева да стане нов премиер само ако ја добие поддршката од некои пратеници од „непријателските“ партии.

Од друга страна, ако Борисов го врати првиот мандат за формирање влада, втората сила – ПП – би излегла со свој мандатар по услов покрај партнерството од претходниот владина состав: ПП, БСП и ДБ (98 пратеници сега) ги привлече на своја страна „Препород“ и партијата на Стефан Јанев, со што би добила уште 39 пратеници, што би значело условно стабилна владина коалиција. Но, во тој случај идниот премиер би морал да прави премногу отстапки кон двете последни партии, кои се познати по про-руските ставови, што исто така е речиси неприфатливо за Кирил Петков, за ПП и за ДБ, па и втората варијанта е со многу мали изгледи.

Бугарскиот претседател Румен Радев, пак, денеска не соопшти за кога ќе го свика новиот парламент, но рече дека средби со парламентарните партии ќе има следната седмица, пренесува mediapool.bg.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Студентите во Србија се кренаа: Блокирана зградата на Претседателството додека се обраќаше Вучиќ

Студентите во Србија се кренаа: Блокирана зградата на Претседателството додека се обраќаше Вучиќ

„Немаше да ја има оваа крв да беше сè по закон“, „Ќе го решиме и …