Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе трае во наредните десет дена
Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги објави резултатите од конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови за учебната 2024/2025 година.
Резултатите се однесуваат за студентите од втора и повисоките години, додека за студентите во прва година – бруцошите, рокот за аплицирање е од 10 до 17 септември.
Сајтот на МОН падна уште пред резултатите да бидат објавени, а во моментов функционира отежнато.
Вселувањето во домовите за студентите од втора и повисоките години започнува во вторник и ќе трае во наредните десет дена.
Оние студенти што не се задоволни од резултатите може да достават приговор директно во студентскиот дом во кој аплицирале, во периодот од 10 до 16 септември.
Новинската агенција Мета.мк ги објавува листите со примени студенти во државните и приватните студентски домови, преземени од интернет страницата на Министерството за образование и наука.
Скопје
- Примени во ДСД „Гоце Делчев“
- Примени во „Пелагонија“
- Примени во ДСД „Томе Стефановски – Сениќ“
- Аплицирале за „Гоце Делчев“, но сместени во „Томе Стефановски – Сениќ“
- Аплицирале за „Гоце Делчев“, но сместени во „Пелагонија“
Штип
Тетово
- Примени во ДСД „Тетово“
- Примени во ПСД УЈИЕ
- Аплицирале во ДСД „Тетово“, но примени во ПСД УЈИЕ
- Аплицирале во ДСД „Тетово“, но примени во ПСД УЈИЕ 2
Охрид
Битола
Прилеп