Дожд Дождливо време ветер ветровито

Облачно и студено време со локални врнежи од дожд и снег

Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север, времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови, каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер.

До четврток ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, особено во среда, после што следува период на стабилно, суво и понатаму студено време.

Минималната температура ќе се движи од -6 до 3, а дневната од 0 до 7 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Скандал кој Јаневска и ДПМНЕ го кријат - ученици однесени во казино во Монте Карло за да се коцка директорката

СДСМ: Скандал кој Јаневска и ДПМНЕ го кријат – ученици однесени во казино во Монте Карло за да се коцка директорката

Прес-конференција на Јованче Манасков, претседател на Комисија за образование и наука на СДСМ Денеска објавуваме …