Облачно време со повремен дожд

Времето во нашата држава ќе биде претежно облачно и свежо, со повремен локален дожд, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а попладне од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 5 до 10, а дневната од 9 до 16 Целзиусови степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно облачно време, со повремен локален дожд. Од недела ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер и ќе има пораст на дневната температура. Во понеделник под влијание на нов влажен бран, се очекуваат врнежи на повеќе места.

Прочитајте повеќе

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во …