Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремен дожд особено во западните делови и претпладне, а попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од три до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе достигне до четири, а дневната до 12 Целзиусови степени.

Според УХМР, врнежи од дожд во текот на изминатите четири дена имаше на целата територија на државата, а пообилни во Маврово, Пожаране, Тетово, Лазарополе и Дебар. Во Маврово за 84 часа, до 7 часот утрово, измерени се 187 литри на метар квадратен воден талог, во Пожаране 150, Тетово и Дебар 137, Лазарополе 130, Охрид 96, Крива Паланка 75, Скопје 65.

Извор: МЕТА