Времето денеска ќе биде претежно облачно. Во западните планински предели се очекуваат врнежи од снег, а снежната покривка ќе достигне висина поголема и од 20 сантиметри. Во котлините се очекуваат врнежи од дожд и од снег, но со послаб интензитет. Во текот на денот ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Температурата ќе се движи од 3 до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, со температурата до 7 Целзиусови степени.

МЕТА