Облачно време со засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а локално, особено во северните делови, ќе има слаби врнежи од снег.

Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремено провејување на снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а температурата ќе достигне до 1 степен над нулата.

Попладне, во централните и јужните делови од државата ќе има сончеви периоди со умерен, а во источните делови засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе се движи од -4 до 4 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …