Обраќање на градоначалникот Јованоски на 30.Генерално собрание на Меѓународната Асоцијација на градови носители на пораката за мир во Сараево

Обраќање на градоначалникот Јованоски на 30.Генерално собрание на Меѓународната Асоцијација на градови носители на пораката за мир во Сараево

Општина Прилеп е дел од 30.Генерално собрание на Меѓународната Асоцијација на градови носители на пораката за мир, кое годинава се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина, а на кое учествуваат претставници на 113 градови од светот.

Темите на кои се разговара на годинешното 30.генерално собрание, се поврзани со одржливите развојни цели на Обединетите нации, промоција на културата за мир во 21 век со ставање акцент на Декларацијата на ОН за човекови права и создавање на инклузивни, безбедни и одржливи градови.

Согласно предвидената агенда, денеска свое излагање имаше градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски кое беше проследено со видео презентација за природните богатства, културно-историското наследство и можностите за инвестирање кои ги нуди општина Прилеп.

 

Прочитајте повеќе

Почнува кампањата за парламентарните избори

Почнува кампањата за парламентарните избори

Од денеска, четврток 18 април, официјално стартува и кампањата за изборите за пратеници. Во тек …