Како што пишува Фокус, на почетокот на денешното судско рочиште за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска ги предупредила обвинетите да не им се јавуваат на сведоците и да не им се закануваат.
„Обвинетите да престанат да ги малтретираат сведоците. Да престанат да им се јавуваат, да бараат средби со нив, да им се закануваат“, ги предупредила судијката Кацарска, без да прецизира кој од обвинетите се заканувал.
На денешното рочиште за насилниот упад во Собранието, ќе сведочат четворица сведоци кои се вработени во МВР.