Обвинителство добило дојава за агитација в Гостивар, кинење гласачки ливчиња и нерегуларности во Кочани

Покрај претходно пријавените изборни нерегуларности, до 15 часот во Комисијата за следење на евентуални нерегуларности во Јавното обвинителство, пристигна поднесок испратен од политичка партија, во врска со сомнение за вршење на притисок и агитација од страна на лице во избирачки места во Гостивар. Основното јавно обвинителство Гостивар оформи предмет по допрен глас и веднаш издаде насоки за проверка на наводите од пријавата, соопшти ЈО.

По насока на Основното јавно обвинителство Куманово, во врска со пријава за наводно купување гласови во кумановските села Черкезе, Романовце и Војнивиќ, за кој настан обвинителството оформи предмет, извршен е разговор со повеќе лица и нема информации со кои би се потврдиле наводите од пријавата. Се продолжува со превземање на дејствија по насоки на јавен обвинител.

Основното јавно обвинителство Скопје е известено за настан пријавен од претседател на Избирачки одбор, во врска со извршено уништување на гласачки материјал односно искинати гласачки ливчиња. Имено, околу 12:45 часот лице при остварување на право на глас, од четири ливчиња само едно ставил во гласачка кутија, додека другите ги скинал и ги оставил на пултот за гласање. Лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица. Дадени се насоки за натамошно постапување.

Основното јавно обвинителство Кочани известено е од ОВР Кочани за повеќе настани кои се однесуваат на вршење агитација пред избирачки места, превоз на гласачи, како и сомнение за вршење поткуп и повреда на слободата на определувањето на избирачите. По дадените известувања во обвинителството се оформени предмети и дадени се насоки да се утврди идентитетот на лицата, да се достават податоци за возилата и да се извршат оперативни проверки.

Јавното обвинителство порачува оти продолжува со следење на процесот на гласање и постапува по сите сомненија за евентуално сторени кривични дела поврзани со локалните избори.​

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

(Видео) Започна новата средба Заев – Гаши

Во Клубот на пратеници започна средбата на премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм …