Трубарево

Обвинителство направи увид во Трубарево, дежураат и пожарникари оти депонијата повремено чади

Се собирале докази и за настанувањето на пожарот и за начинот на складирањето на отпадот

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР денеска извршија увид на лице место по настанатиот пожар во Трубарево. Се собирале докази и за настанувањето на пожарот и за начинот на складирањето на отпадот на предметната локација, а локацијата била фотографирана и снимена со дрон.

„Со оглед на затрупувањето на локацијата од безбедносни причини, увидните дејствија на терен се отежнати. По наредба на јавен обвинител, локацијата ќе остане обезбедена и во наредниот период за потребите на постапката. Таму ќе продолжат да се вршат дополнителни мерења на загадувањето од Министерството за животна средина, а на терен ќе излезе и вешто лице од областа на екологијата“, информираат од ОЈО.

Од таму посочуваат дека на лице место е стационирана и противпожарна екипа, бидејќи на дел од локацијата и понатаму се јавуваат повремени чадења и постои опасност од ново разгорување.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Јавниот превоз ќе се зајакне со 55 автобуси од приватниците, дел од нив сѐ уште се со странски таблички

Јавниот превоз ќе се зајакне со 55 автобуси од приватниците, дел од нив сѐ уште се со странски таблички

Педесет и пет нови автобуси од приватни превозници  од понеделник ќе влезат во автобускиот превоз …