Обвинителство нема да покрене постапка за јавните набавки во Министерство за здравство

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), односно надлежен обвинител, донело одлука да не почнува постапка зза јавните набавки во Министерство за здравство.

„За да постои кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување предвидено и казниво по член 353 став 5 потребно е јавната набавка да е спроведена на незаконит начин и да има склучен договор за јавна набавка. Доколку нема склучен договор, не се исполнети елементите за сторено кривично дело од овој член“, порачуваат од обвинителството.

Во образложението се наведува дека во случајот со набавка на лекот Вемурафениб, постапката за јавна набавка е спроведена, но на предлог на Комисијата за јавни набавки, донесена е Одлука за поништување и не е склучен договор за набавка.

За јавната набавка на биореагенси и тестови на крв, постапката е спроведена, но не е склучен договор, со оглед на тоа што Државната комисија за жалби по јавни набавки ги прифатила жалбите на жалителите и постапката е поништена.

Што се однесува до постапката за изградба на бункер за акцелератор во Клиничката болница во Штип, во овој случај се работи за Рамковен договор за заем за финанирање на Проект за изградба и модернизација на Клиничкиот Центар Мајка Тереза во Скопје и регионалната Клиничка болница во Штип, каде важат одредбите од Законот за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа, а не одредбите од Законот за јавни набавки, па од тука и не постои повреда на чл. 353 ст.5 од Кривичниот законик, велат од ОЈО-ГОКК.

Од Посебниот извештај од  Управата за финансиска полиција, за можен судир на интереси во јавна набавка на лекови во ЈЗУ Клиника за хематологија, произлегува дека нема повреди во постапката по јавните набавки, ниту е утврден судир на интереси кај одговорните лица, туку јавната набавка во целост и во сите фази е спроведена согласно закон.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …