полиција сообраќајка

Обвинителството ги испитува причините за смртта на две лица во Богданци

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место и издаде повеќе наредби за обезбедување докази со цел да се испитаат причините за настанот. Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а обезбедени се и снимки од видео надзор. Првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство, меѓутоа настанот ќе биде во целост испитан, соопштија денеска оттаму. 

Како што информираше МВР, вчера, Т.К. од Богданци пријавил дека на место викано „Ичева чешма“, Горно село во Богданци забележал опожарено паркирано патничко возило, во чија близина има безживотно тело. 

„Веднаш по пријавата полициски службеници од ПС ОН Гевгелија се упатени на местото на настанот, каде било констатирано дека во близина на опожареното возило имало машко лице кое не давало знаци на живот, по што било констатирано дека станува збор за В.Г.(21) од Богданци. Од екипа на Итна медицинска помош при ЈЗУ Општа болница Гевгелија била констатирана смрт. По локализирање на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита, било забележано дека во возилото има опожарено лице без знаци на живот.  За настанот веднаш е известен Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и извршен е увид. По насоки на Јавен обвинител телата се дадени на обдукција за утврдување на идентитет, односно утврдување на причините за смртта. Се преземаат мерки за утврдување на околностите и за целосно расчистување на случајот“, пишува во билтенот на МВР. 

Прочитајте повеќе

Митовски до Владата и АХВ: Дајте ни законски механизам за проблемот со добитокот во Крива Паланка

Митовски до Владата и АХВ: Дајте ни законски механизам за проблемот со добитокот во Крива Паланка

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на денешната прес-конференција упати итно барање до Владата …