Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) го презело од Основното јавно обвинителство – Скопје, случајот за изградбата на мостот „Око“ во Скопје. Во овој случај осомничени се поранешниот градоначалник на Центар, бизнисменот Владимир Тодоровиќ и двајца негови тогашни соработници. Обвинител од ОЈОГОКК донел Наредба за истражна постапка против тројцата.
Осомничените, во периодот 2009 – 2012 година во постапката за јавни набавки овозможиле изведувачот да се стекне со незаконска користи од 26,6 милиони денари, односно 433.000 евра, на штета на буџетот на општина Центар.
Тодоровиќ и соработниците летово уплатија 433.000 евра на сметката на општина Центар, но тоа не значи крај на нивното кривично гонење, кое сега го презеде ОЈОГОКК.
Случајот почна на 4 јули годинава, откако Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против тројцата.
Извор: МЕТА