Од 21-23 јуни ќе се одржи третото издание на „Вен ин Крушево“

Од 21-23 јуни ќе се одржи третото издание на „Вен ин Крушево“

Од 21 до 23 јуни, ќе се одржи третото издание на „Вен ин Крушево 2019“, еден од најуспешните и најпопуларните настани во Крушево.

Настанот ќе се одржи на Крушевското езеро, кое ќе биде камп за одржување на многубројните планирани активности, меѓу кои и параглајдинг, кајакарење, планинарење и сл.

Третото издание на „Вен ин Крушево 2019“ ја нуди следната програма:

21 Јуни 2019, петок

16:00-20:00 пристигнување и пријавување на учесниците во Параглајдинг инфо центар –Крушево, поставување на шатори на Крушевското Езеро, за секој учесник следува маичка и пакет на производи од спонзорите. 
21:00 Официјално отворање
22:30 Invictus

00:30 NATTY FIYAH SS

– DJ Бапчу 

22 Јуни 2019, сабота 

08:00-09:00 почеток на турите за планински велосипедизам и планинарење,
– долга тура за планински велосипедизам 40км;
– кратка тура за планински велосипедизам 20км;
– долга планинарска тура 20км;
– кратка планинарска тура 10км;
Патеките за велосипедските тури ќе бидат обележани, за секоја тура се обезбедени водичи и освежителни пунктови на повеќе места.

15:00 заеднички ручек обезбеден за сите учесници во Adventure park and restaurant Бегова Корија
13-19:00 кајак и SUP (stand up paddle board) тури на Крушевското езеро, со екстра поволни цени за сите учесници, обезбедени од професионален тим
13-19:00 пинг понг, јога, јавање, kids korner и други активности
22:30 Тhe Hounds
00:30 
TODOROFF

23 Јуни 2019, недела 

10:00-16:00 тандем параглајдинг на Мечкин Камен, екстра поволни цени за сите учесници, летови изведени од најдобрите пилоти на Heli XC
10:00-16:00 обезбедени влезници за музеи во Крушево за секој учесник на Фестивалот
13-17:00 кајак и SUP (stand up paddle board) тури на Крушевското езеро, со екстра поволни цени за сите учесници, обезбедени од професионален тим
17:00 затворање на фестивалот

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …