Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.147 тестирања, а регистрирани се 6 нови случаи на ковид-19 од: Скопје – 3, Тетово – 2 и Струмица – 1.
Регистрирани се 4 оздравени пациенти од: Скопје, Тетово, Делчево и Крушево – по 1.
Не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 870.380 тестирања на ковид-19, а вкупната бројка на дијагностицирани случаи од почетокот на епидемијата изнесува 155.669, бројката на оздравени пациенти е 149.950, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 235.