Од 81 седница на Владата: Одобрен е превоз на патници со максимален капацитет на превозните средства, предлогот за намалување на ДДВ за електрична енергија оди во Собранието

Од 81 седница на Владата: Одобрен е превоз на патници со максимален капацитет на превозните средства, предлогот за намалување на ДДВ за електрична енергија оди во Собранието

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници со максимален капацитет од 100% на сите превозни средства со максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19, со обврска превозниците одговорно да ги спроведуваат и контролираат мерките за лична заштита заради превенција предвидени со протоколот за организирање превоз на патници.

На денешната седница Владата донесе одлука да се дозволи влез на придружниците на патниците на меѓународните летови во двете аеродромски згради на ТАВ согласно одредбите за лична заштита опфатени со протоколите за управување со меѓународните аеродроми во нашата земја.

На оваа своја седница, Владата го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.

Според овие предлог измени, данокот на додадена вредност за прометот и увозот  на електричната енергија за домаќинствата да се намали од 18 на пет отсто за период од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022, а за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година даночната стапка за ДДВ за прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата да изнесува 10 проценти. За периодот по 1 јули 2023 година даночната стапка да изнесува повторно 18%.

Целта на овие измени и дополнувања на Законот за ДДВ е со пониски цени на електричната енергија да им се помогне на домаќинствата со намалување на нивните трошоци.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …