Од 89-та владина седница: Одлука за стратешки инвестиционен проект во областа на енергетиката

Од 89-та владина седница: Одлука за стратешки инвестиционен проект во областа на енергетиката

Владата денеска ја одржа 89-та седница, на која е донесена одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект, за проектот „Митилинеос“ Когенеративна постројка Скопје“ на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија Митилинеос ДООЕЛ Скопје.

Вредноста на инвестицијата се предвидува да биде 211 милиони евра и според предвиденото, се состои од постројка за електрична енергија (со моќност 90-105 MW) и топлинска енергија (со моќност од 135-150 MW). Годишното производство на електрична енергија се очекува да изнесува околу 1.150 GWh и околу 275 GWh топлинска енергија, коишто, се очекува да бидат испорачани во соодветните енергетски ситеми (МЕПСО и системот за пренос на топлина на Град Скопје).

Одлуката на Владата е донесена по објавен Јавен повик од страна на Владата на Репувлика Северна Македонија, на 31.01.2022 година, за поднесување барање за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект и по соодветно разгледување на поднесеното барање, од страна на Комисијата за стратешки инвестициони проекти.

Донесената одлука е во насока на определбите на Владата за создавање услови за зголемување на домашното производство на електрична и топлинска енергија.

Владата, на денешната седница, утврди и два Предлог закони за ратификации на договори, предложени од Министерството за надворешни работи, коишто се однесуваат на потпишани договори, при соработката во рамки на иницијативата Отворен Балкан.

Целта на утврдениот Предлог на Закон за ратификација на Договорот помеѓу земјите од Западен Балкан од областа на меѓусебното признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции, е да се олеснат процедурите за признавање. Тоа е предвидено преку олеснување на институционалната соработка во областа на признавањето на дипломите и научните степени од високо образование, стекнати во земјите на Договорните страни, помеѓу канцелариите ENIC/NARIC. Целта на утврдениот Предлог на Закон за ратификација на Договорот за соработка во заштита од катастрофи во Западен Балкан е, договорните страни, во согласност со нивните соодветни расположливи капацитети, да си помагаат една на друга, во случај на катастрофи, кога Договорната страна барател, не е во состојба да се справи со последиците од катастрофата, користејки ги сопствените ресурси.

На денешната седница, Владата донесе и Одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за одбрана, заради реализирање на обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплови на вооружените сили на САД на Армискиот полигон „Криволак“. Обуката, којашто е предвидено да се реализира на 15, 19 и 21 октомври 2022 година на Армискиот полигон „Криволак“, е во организација на вооружените сили на Соединетите Американски Држави и има за цел зголемување на интероперабилноста помеѓу НАТО и Република Северна Македонија.

Прочитајте повеќе

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Два милиони евра се одлеале од општините и министерствата во Северна Македонија за една година само за адвокатски …