несреќа

Од билтенот на МВР: “Црн“ викенд, четворица загинати во две сообраќајни несреќи

На 07.12.2018 година во 14,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес во атарот на с.Сопот, патничко моторно возило „Рено Меган“ со кочански регистерски таблици, управувано од Г.Б.(35) од Кочани, излетало од коловозот. На местото на настанот починале возачот и сопатникот Д.М.(36) од Кочани. Извршен е увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. По наредба на јавен обвинител, телата биле предадени во Институтот за судска медицина за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.  

На 07.12.2018 година во 20,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп–Битола кај с.Вашарејца, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило “Мерцедес“, со битолски регистерски таблици, управувано од Д.С.(38) од Неготино, патничко моторно возило „Ауди А6“ со прилепски регистерски таблици, управувано од Џ.И.(34) од од с.Канатларци-прилепско и патничко моторно возило “Голф“ со ресенски регистерски таблици, управувано од С.Т.(37) од Ресен. Во сообраќајната незгода на местото на настанот починале возачот Џ.И. и сопатникот од истото возило А.И. (27) од с.Канатларци-прилепско. Со телесни повреди се здобил другиот сопатник од возилото “Ауди А6“, Р.М.(30) од с.Канатларци-прилепско и возачот Д.С. Извршен бил увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …