Стоп Полиција

Од билтенот на СВР Битола

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, изминатиот викенд  извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата и сигурносен појас. Притоа, било констатирано дека 87 возачи ја пречекориле дозволената брзина, 23 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 14 возила, 11 зборувале на мобилен телефон при управување на возилото, а 12 возачи не користеле сигурносен појас.

Во саботата на 13 април, битолчанецот Р.К. (23) во СВР Битола пријавил дека истиот ден околу 21.30 часот, непознат сторител го одзел неговото товарно возило „Форд Транзит“ со битолски регистарски ознаки. Според пријавеното, сторителот влегол во незаклученото возило и го стартувал со клучот кој бил оставен на бравата. Следниот ден на 14 април, возилото било пронајдено опожарено на ул.„Караорман“, а од него биле одземени два акумулатора. СВР Битола презема мерки за расчистување на случајот.

Прочитајте повеќе

Осомничениот судија заврши на распит по три дена од откриените „соѕидани“ 350.000 евра

Осомничениот судија заврши на распит по три дена од откриените „соѕидани“ 350.000 евра

Куќен притвор и одземање пасош се двете мерки што обвинителите ги бараат за осомничениот судија …