Стоп Полиција

Од билтенот на СВР Битола

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот, 24, 25 и 26 мај, извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас. Притоа, контролирани се 1.197 возачи, од кои 23 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 17 возила, а брзината ја надминале 120 возачи од исконтролираните возила. Тројца возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото, додека четворица не користеле сигурносен појас. Издадени биле вкупно 161 мандатен платен налог и 56 прекршочни платни налози.

Прочитајте повеќе

Сиљановска-Давкова во посета на Софија

Сиљановска-Давкова во посета на Софија

Претседателката на Северна Македонија Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе биде во посета на Софија, каде ќе …