Од билтенот на СВР Битола

Од билтенот на СВР Битола

На 07 јули околу 15.45 часот на локалниот пат помеѓу туристичка населба Претор и туристичка населба Асамати во Ресен, патничко возило „Шкода” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С(64) од с.Горно Крушје, ресенско, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.Т.(62)од Ресен, кој бил пренесен во болницта во Ресен. Додека, возачот и други двајца  сопатници – Р.С.(37) и малолетник, двајцата од  Швајцарија, се здобиле со телесни повреди. Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен.

На 07 јули во Полициската станица Прилеп, двајца вработени во Шумската полиција во Прилеп, пријавиле дека истиот ден околу 19.30 часот, додека биле на должност, во близина на прилепското вештачко езеро биле физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, биле контролирани 1.214 возачи, од кои 28 управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 17 возила, брзината ја надминале 73 возачи, двајца возачи не користеле сигурносен појас а четворица зборувале на мобилен телефон.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …